Цели на конференцијата
Почитувани,
Основна цел на симпозиумот е да се обезбеди академски кворум кој ќе ги дискутира проблемите поврзани со образованието на наставници како клучен фактор за обезбедување на одржлив развој во сите сфери на општественото и природното опстојување.
Образованието на наставници е ново поле за истражување кое сеуште нема определена теориска подлога. Но тоа не смее да не обесхрабри и одврати од нашите намери за стручни и научни достигнувања.
Детектирањето на разликите во однос на моменталната состојба во сферата на образованието на наставници меѓу земјите-членки на Европската унија, како и разликите во квалитетот на дискурсите на образованието воопшто, а образованието на наставниците посебно, резултирало со бројни предлози за подобрување кои сепак за различни земји имаат различно значење/место во реформите.
Овие се доволни причини за да се организаира дискусија низ која ќе бидат споделени искуствата и резултатите од досегашните реформски зафати на полето на образованието на наставници.